Правила за користење

Со користење на овој сајт се обврзувате на следните правила:

Содржините, информациите, сликите и фотографиите во огласите на oglasuva.me ги објавуваат корисниците на сајтот. Секој корисник којшто објавува оглас на сајтот превзема лична одговорност за изнесените содржини, информации, слики и фотографии во огласот како и за штетите кои може да ги нанесе објавувањето на истите. Објавените огласи не подлежат на итна проверка и контрола од страна на друг човек освен човекот кој ги внесол информациите. Сопственикот на домените oglasuva.me и oglasuvame.com, како и администраторите на сајтот го задржуваат правото да отстрануваат огласи кои се сметаат за злоупотреба на сајтот. Секој корисник на сајтот се моли да пријави сомневање за злоупотреба на сајтот.

Следните начини на користење на овој сајт се сметаат за злоупотреба на сајтот и се забранети:

  • Објавување на содржини и информации кои се: незаконски, штетни, заканувачки кон поединци или групи, навредливи кон поединци или групи, штетни по угледот на поединци или групи, претставуваат клевета, ја повредуваат приватноста на поединци или на било кој начин штетат на малолетни лица.
  • Објавување на порнографски содржини.
  • Користење на сајтот како средство за комуникација со цел на извршување измама и други криминални дејства.
  • Објавување на содржини кои претставуваат искажување на омраза, деградирање, заплашување, закани или на било кој друг начин изразуваат дискриминација кон поединци или групи на база на религија, пол, сексуална определба, расна и етничка припадност, возраст или инвалидитет.
  • Објавувување на информации и содржини со кои се повредуваат патенти или заштитени имиња и логоа, откриваат деловни тајни, повредуваат авторски права и други содржини кои корисникот нема право да ги објави според било кој закон или договор.
  • Објавувување на информации кои се сметаат за државна тајна.
  • Објавување информации и содржини со цел на лажно претставување во улога на било кое лице или ентитет, како и лажно претставување на односот на објавувачот со одредено лице или ентитет.
  • Изнесување на лични информации за лице или информации кои можат да идентификуваат лице без имање согласност од страна на тоа лице.
  • Користење на сајтот за политички пропаганди и антипропаганди.
  • Објавување на содржини во кои се прикажува насилство, мачење, убиство, мртви тела или делови од тела на луѓе или животни.
  • Објавување на огласи за вработување во кои се искажува склоност кон потенцијални вработени или работодавци на база на полова, религиозна, расна или етничка припадност или сексуална ориентација.
  • Објавување на огласи за вработување на начин на којшто би се прекршиле законски регулативи во земјата за која важи понудата.
  • Објавување на содржини за цели на учествување во "партнерски програми", "пирамидални шеми", "верижни писма" или други слични облици на непожелно рекламирање.
  • Објавување на огласи исклучиво со цел за промовирање на веб страни без очигледна причина за која огласот треба да биде поставен во категоријата во која е поставен.
  • Рекламирање или нудење на било какви нелегални услуги или стоки за кои се пропишани рестрикции и забрани според законите на Р. Македонија или законите на земјите за кои важи понудата.
  • Објавување на информации и содржини во случај кога објавувањето на истите е забрането со законските прописи во Р. Македонија и пошироко.
  • Објавување на компјутерски вируси или било каков вид компјутерски код, датотеки или програми кои се дизајнирани да го попречат функционирањето на компјутерска или телекомуникациска опрема.
  • Објавување на огласи или одговарање на огласи објавени тука од страна на лица помлади од 13 години.
  • Користење на контакт информациите добиени од сајтот за цели на директен маркетинг кон корисниците кои објавуваат огласи.
  • Користење на информациите во огласите за било какви незаконски активности.
  • Било какви обиди за вршење на напад и прекинување на нормалното функционирање на сајтот или дел од софтверот на сајтот.
  • Користење на средства за прикривање или давање лажна информација за изворот на информациите кои се пренесуваат преку овој сајт (proxy сервери и слично).
  • Обиди за откривање туѓи лозинки и промена или бришење на туѓи огласи освен ако тоа не е направено од администраторите на сајтот.
  • Масовно автоматско внесување огласи и други Обиди за преплавување на сервисот со огласи.
  • Било какви обиди за автоматско прибирање и обработка на информациите изложени на сајтот (со исклучок на информациите директно објавени со RSS или за потребите на индексирање на веб страни од пребарувачи) без сознание и одобрение од сопственикот на доменот.
  • Објавување на огласи со криптични содржни пр. "zOMG I lold", "MOAR NAO" и слично. Дозволено е објавување на огласи на било кој човечки јазик.

Администраторите на сервисот имаат право да забранат пристап до сервисот на одредени корисници од одредени мрежи или групи на мрежи во случај кога постои сомневање за злоупотреба или во случај кога тоа би помогнало да се спречи злоупотреба на сервисот. Забрани за пристап до сервисот може да се извршат и преку автоматски мерки кои би биле поставени со цел да се спречи злоупотреба.

Напомени за корисници кои се обидуваат да клеветат и омаловажуваат преку сајтот:

Почитувајте ја приватноста на луѓето кои ги познавате и не ги познавате, исто како што сакате тие да ја почитуваат вашата приватност. Овој сајт не е медиум за искажување омраза, закани и изведување шеги. Овој сајт не е наменет да ви помогне во расчистување на личните односи, искажување на фрустрации и манифестирање на детинесто и малограѓанско однесување. Со откривање на информации за луѓе без нивна согласност го кршите нивното право на приватност кое е загарантирано со закон.

Напомени за spam и слични видови на несакано рекламирње:

Ако се обидувате сајтот да го користите за објавување spam, рекламирање на партнерски и пирамидални програми, промовирање на верижни писма, неосновани обиди за промовирање на ваши или пријателски веб страни преку огласите и слично, првенствено имајте на ум дека вашето присуство на овој сервис е крајно непожелно. Дополнително, огласите кои се третираат како реклами од ваков тип често се отстрануваат од сајтот и нивната содржина се чува за тренирање на баесов филтер кој би се имплементирал во иднина. Исто така сите корисници треба да имаат на ум дека линковите кои се објавуваат во огласите на самата страна се објавуваат на начин којшто ги советува автоматските ботови на веб пребарувачите да не ги земаат во предвид тие линкови при рангирање. За повеќе информации прочитајте тука: http://en.wikipedia.org/wiki/Nofollow.

На следниот начин се постапува со податоците внесени од страна на корисниците:

Примарна цел на складирање на податоците внесени од корисниците е за објавување на огласи. Дополнителни податоци кои се чуваат за корисниците при користење на овој сервис служат за подобрување на неговата функционалност и безбедност. Сите информации кои корисник ги внесува при објавување на оглас освен лозинката јавно се објавуваат на сајтот. Сите информации кои се објавуваат за даден оглас со исклучок на случаите кога огласот е внесен во погрешна категорија се објавени во непроменета форма, освен во случаи на злоупетреба на сајтот, дуплирани огласи, бришење или промена од страна на објавувачот или администраторите. За дупликати нема да се сметаат огласи со ист наслов, содржина и слично објавени во различни категории и региони. Администраторите на сајтот имаат право да бришат дуплирани огласи. Секој огласувач на сајтот има право да ги менува, обновува и брише своите објавени огласи.

Директни линкови до огласите на овој сајт со нивните наслови и дел од содржината (информацијата внесена во полето за содржина), локацијата внесена на мапа, како и категоријата на огласот може да бидат објавувани директно или индиректно во други сервиси на интернет.

Содржини и информации (со исклучок на слики) внесени од корисниците, како и информации неопходни за функционалноста на сервисот се складираат во база на податоци. Информации кои се складираат во базата се сите информации кои ги внесува корисникот при објавување и промена на оглас, IP адресата на корисникот кој објавува или прегледува оглас заедно со времето на извршените акции. Серверот испраќа сесиски колачиња до корисниците кои важат само за доменот на сајтот и служат исклучиво за подобрување на функционалноста на сајтот. Податоците врзани за сесиските колачиња не се складираат во перзистенто складиште на податоци, туку во работната мемроија на серверот и се уништуваат автоматски или рачно во разумен рок, не подолг од 30 дена. Складираните слики и содржината на базата на податоци може да подлежат на архивирање заради непречено функционирање на сервисот и поправки. Складираните податоци не се даваат на користење на трети лица освен за потребите на полицијата, надлежни инспекции, за потреби на истраги и во останати случаи кога законите го наложуваат тоа. Уникатната сесија на корисникот може да се користи за вршење статистичка анализа за утврдување на бројот на посети, прегледи на огласи и слично. Статистичка анализа врз податоците може да се врши и над податоците кои претставуваат детали за предметите и услугите во огласите пр: цена, марка на возило, опис или слики (заради заштита од spam и порнографија) и сл. Делови од складираните податоци или складираните податоци во целост не служат за праќање на реклами и дојави (директен маркетинг) без согласност на лицето кое ги објавило. Делови од складираните податоци и складираните податоци во целост не се злоупотребуваат или продаваат од страна на лицата кои имаат овластен пристап до базата на податоци. За потребите на функционалноста и безбедноста на овој сервис складираните податоци кои се однесуваат на контакт информациите од даден оглас се уништуваат (маскираат во базата на податоци) во период не подолг од 2 месеци по последното објавување или промена на огласот. Исклучок на ова правило се огласите за кои постои сомневање дека претставуваат злоупотреба на сајтот и огласите објавени пред февруари 2010 год (за кои правилото е веќе применето). Бидете многу внимателни што внесувате во полето за содржина на огласот, тоа е наменето само за опис на стоката или услугата на која се однесува огласот.

Информациите внесени во формата за контакт не се складираат во централизирана база туку се испраќаат преку електронска пошта до администраторите на сајтот. Овие податоци служат за комуникација со администраторите на сајтот. Со внесување на вашата адреса за електронска пошта во контакт формата прифаќате да бидете контактирани од страна на администраторите на сајтот за да добиете помош или одговор на прашање или барање. Контакт информациите добиени на овој начин не се користат во други цели, освен во случај на нелегитимно автоматско пополнување на формата.

Серверскиот простор е закупен од страна на сопственикот на доменот и при откажување на закупот податоците не остануваат на тој простор. При евентуална преселба на друг серверски простор софтверската околина, податоците и начинот на којшто се користат се реплицираат на тој простор и остануваат исклучиво таму. При терминирање на услугите кои ги нуди сервисот податоците внесени од корисниците се уништуваат. Сервисот во моментов нуди услуги без да остварува никаков финансиски профит. Промените во правец на реализирање профит од овој сервис ќе се направат без злоупотреба на постоечките податоци.

Лозинката која се внесува при објавување на оглас служи едниствено за корисникот да може да се идентификува како оригинален автор на огласот. Откривањето на лозинката не открива дополнителни информации за корисникот освен информациите кои ги изнел при објавување или промена на оглас. Сепак, при внесување на лозинка бидете внимателни, не внесувајте лозинки кои тешко се погаѓаат и не ги каживајте на други. Лозинките не се складираат такви какви што се внесени од страна на корисниците. Сите информации поврзани за лозинките се третираат со криптографски алгоритми и не познаваме начин истите да се откријат. Мрежниот протокол кој го користите при испраќање на податоци до овој сајт не е комплетно безбеден. Секогаш кога користите веб страни имајте на ум дека некој може да ги пресретнува податоците кои ги испраќате до серверите. Серверите се заштитени од криминални неавторизирани упади колку што максимално дозволува техничката спремност на администраторите на сајтот, сигурноста на оперативниот систем, користениот софтвер, како и сигурноста на самата мрежа на која се наоѓаат серверите. Софтверот којшто е изработен за овој сервис е подложен на редовни подобрувања во поглед на сигурноста, но авторите на истиот не можат да гарантираат комплетна сигурност на корисниците. Напади на интегритетот и сигурноста на серверите се сметаат за криминално дејство. Сајтот поседува администраторски интерфејс до кој имаат пристап само администраторите на сајтот. Безбедноста на овој интерфејс подложи на редовни проверки и подобрувања од страна софтверски инжењери со високи квалификации.

Со различни мерки се трудиме информациите на сајтот да бидат заштитени од роботи кои прибираат email адреси со цел истите да ги користат за масовно праќање на реклами. Овие мерки се баланс помеѓу добра заштита и можност за едноставно користење на сервисот и не гарантираме дека се абсолутна заштита. Дополнително, ако корисник внесе своја email адреса надвор од полињата означени за таа намена (пр. во полето за содржина на оглас) немаме начин да ја заштитиме истата од споменатите малициозни програми.

Во случај на манифестација на софтверски дефект при внесување на податоци како и при нормално користење на сервисот администраторите на сајтот добиваат детално известување преку електронска пошта. Овие извештаи ги содржат сите информации испратени од корисничкиот клиентски софтвер во моментот на настанување на дефектот и служат исклучиво за утврдување на изворот на дефектот и негово отстранување и не се користат за поинакви цели. Целта на ова е зголемиување на квалитетот и безбедноста на сервисот.

Сајтот може да содржи линкови до веб страни на други домени, не превземаме одговорност за содржината објавена на тие сајтови како и политиката на приватност која важи за тие сајтови.

Сајтот го користи Google Analytics сервисот за периодична анализа на користеноста на сајтот. Ова служи за подобрување на интерфејсот, оптимизирање за веб пребарувачи и слични технички подобрувања на сервисот. Ако не се согласувате со политиката на приватност која важи за сервисите на Google не го користете oglasuva.me.

Овој сајт не е наменет за деца помлади од 13 години. По наше сознание лица помлади од 13 години не го користат сајтот и не собираме информации за нив. Ако сте постари од 13 години, но не сте полнолетни, не го користете овој сајт и не објавувајте свои лични информации без одобрение на вашите родители или старатели.

Имајте на ум дека при објавување на оглас се снимаат IP адресата на корисникот кој објавува информации на овој сајт, заедно со времето на објавување како и други технички подробности во врска со конкретната HTTP трансакција. Според овие информации може да се утврди местото (изворната мрежа) на објавениот оглас, како и идентитетот на лицето кое го објавило. Во случај да биде забележано незаконско користење на сајтот имаме право и должност сите информации кои ни се достапни да им ги дадеме на услуга на надлежните органи по нивно барање.

Сајтот функционира со помош на софтвер кој е изработен специјално за сајтот и чиј автори се сопственикот на доменот и администраторите на сајтот. Авторите на софтверот имаат право да го употребат кодот за друга слична намена или да го објават јавно. За повеќе детали за дополнителниот софтвер кој се користи на сајтот можете да прочитате со кликање на линкот "за нас". Повеќе информации за лиценците кои важат за друг софтвер кој се користи на сајтот можете да најдете на следните линкови: New BSD, Apache licence, MIT Licence, PostgreSQL licence, http://nginx.org/LICENSE, http://www.python.org/download/releases/2.5.2/license/, http://www.debian.org/legal/licenses/. Ако се противите на било која од овие лиценци, ве молиме да не го користите сајтот.

Начинот на којшто се објавуваат огласи, складираат и користат корисничките податоци опишан погоре важи од 14.10.2009 и важи за сите огласи внесени од тој датум. Во случај да постои поголема промена на начинот на функционирање на сервисот промените кои се однесуваат на начинот на складирање и користење на податоците ќе бидат објавени тука. Прашања и забелешки во врска со оваа политика за користење можете да упатите преку формата за контакт или на oglasuvame@oglasuva.me. На иститиот начин можете да ни се обратите за да дознаете дали и кои податоци се чуваат за вас и да барате нивно отстранување.