close
Овој оглас не е обновен долго време. Детаљите за огласувачот не може да бидат прикажани.

Адвокатски услуги

Адвокатска канцеларија е во можност да обезбеди комплетни адвокатски и консултантски услуги во сите области на правото.

◦ Трговско право
- Општи консултации и правни совети во областите на работа на друштвата.
- Постојано и комплетно застапување и правна помош на производствени и трговски друштва, институти и друштва од земјата и од странство.
- Спроведување на стечајна и ликвидациона постапка.
- Анализа на измените и дополнувањата на законите и прописите кои се од значење за клиентот.
- Длабинска правна анализа.

◦ Право на друштва
- Регистрации и поднесување на пријави за основање на друштва и други правни лица, разни организациони промени од корпоративна природа.
- Пријавување на вработени, регистрирање за ДДВ, отворање на сметки и други дејности неопходни за започнување на работењето на новото друштво.

◦ Облигационо право
- Изработка на правни мислења.
- Подготовка на преддоговри, договори, анекси на договори, изјави, спогодби за потребите на клиентот.

◦ Право на осигурување
- Застапување пред Осигурителни компании по барања за надомест на штета.
- Застапување пред Судовите во Република Македонија во предмети за надомест на штета.

◦ Трудово право
- Подготовка на статути, правилници, одлуки, решенија, предупредувања и слично за вработените во друштвото.
- Застапување пред Судовите во Република Мекедонија во работни спорови.

◦ Управно право
- Застапување пред министерства, општини, владини агенции и други органи.
- Застапување пред Управен суд на Република Македонија во управни спорови.

◦ Семејно право
- Застапување пред Судовите во Република Македонија во семејни спорови.

◦ Граѓанско право /Стопанско право/ Право на сопственост/ Стварни права
- Застапување на правни и физички лица пред судовите во Република Македонија во граѓански спорови.

◦ Кривично право
- Застапување пред Судовите во Република Македонија во кривични предмети.



  • Цел на огласот: Нудам
  • Регион: Скопје
  • Категорија: Услуги » Консултантски услуги
  • Објавен: пред 3 години, 5 месеци
  • Број на прегледи: 2427
  • Краток линк: http://oglasuva.me/o/6382/