Како се објавува оглас?
Огласувањето започнува со одбирање на категорија во која спаѓа вашиот оглас. Категоријата може да се одбере од главната страна преку „Огласувај“ делот од паѓачкото мени, преку страната „Огласувај“ од главното мени, или при листање на огласи во категорија преку копчето „Огласувај“ до пребарувачот. Во паѓачкото мени излистани се сите категории. Откако ќе одберете категорија и кликнете на копчето „Огласи“, ќе бидете префрлени на страната со формата за огласување.
Огласување преку главната и „Огласувај“ страната
Огласување преку страната за листање на огласи по категорија
Форма за огласување
Формата за огласување е контекст-сензитивна. За различни категории има различни полиња кои треба да се пополнат. Некои од тие полиња се задолжителни, а некои не се. Задолжителните полиња се обележани со подебел фонт на лабелата.
Задолжително поле (горе) и незадолжително поле (долу)
Некои полиња се појавуваат откако ќе одберете цел на огласот. На пример за станови со одбирање на продавам или издавам,
се отвора мапа за внесување на локација, поле за цена и валута.
Внимание: внесувањето цена никогаш не е задолжително. Ако немате одредено цена воопшто не ја внесувајте.
Од полињата за внесување контакт информација задолжително е барем едно: домашен телефон, мобилен телефон или е-пошта.
Пред огласот да биде зачуван, информациите во полињата се валидираат за грешки и несоодветна информација - формат на е-пошта, формат на телефонски број, цена и валута, регион и локација на мапа како и внесување на информации кои не соодејствуваат со целта на огласот како купувам автомобил и внесување на поминати километри. Доколку некое поле е невалидно, ќе биде обележано со опис за причината за невалидност.
Невалидно поле
За секој оглас се внесува лозинка. Лозинката е лично ваша, може да биде секогаш различна, или иста и служи за дополнителна администрација на огласот т.е. бришење или промена на истиот ако не сте задоволни од него или негова обнова ако не сте ја реализирале вашата цел во одреден временски период.
Доколку формата го помине процесот на валидација, огласот ќе се зачува и ќе бидете префрлени до деталната страна на огласот.
За секој оглас може да закачите повеќе слики. Тие слики се гледаат во галеријата на деталната страна на огласот. За качување слики потребно е
вашиот интернет прелистувач да има Flash плагин. Доколку можете да гледате клипови на youtube тогаш
овој плагин е присутен. Постојат неколку ограничувања во врска со сликите:
-Може да качувате само слики во формат .jpg, .gif, .bmp, .png.
-Сликите да се помали од 2MB.
-Качувањето слики е контекст-сензитивно - не можете да качувате слики за секоја цел и категорија.
Слики се додаваат со притискање на „Додади слика“ копчето на дното од формата. Додадените слики ќе се појават под него со копчиња за бришење на истите.
Додавање слики
За огласите во категориите „Недвижен Имот“ може опционално да се маркира локацијата на недвижнината на мапа. Со помош на глувчето се движи мапата над локацијата, се зумира мапата со алатка од менито или скролерот на глувчето, се додава локацијата со помош на алатката пенкало и се брише со алатката - метла. Локацијата на мапата мора да спаѓа во регионот кој што сте го одбрале. Со помош на движење и зум на мапата можете многу прецизно да ја внесете локацијата на недвижнината. Локацијата е маркирана со розева точка.
Додавање локација на слика - на сликата маркиран е плоштадот Македонија
Детална страна на огласот
По успешното објавување на огласот, ќе бидете веднаш префрлени на деталната страна на истиот која е и перманентна страна. На оваа страна се прикажани деталите за огласот, заглавие, содржина, контакт информации, цел итн. Исто така, доколку имате додадено некоја слика тука е галеријата и мапата со локацијата ако внесовте локација. Од оваа страна можете да го администрирате огласот т.е да го избришете, да го обновите, промените или да го објавите на популарните сервиси како facebook или twitter, да го букмаркирате во del.icio.us или google bookmarks или да го пуштите по имејл. При администрација на огласот, ќе се побара од вас да ја внесете лозинката која ја ставивте за тој оглас.
Административен дел
Препораки за зголемување на видливоста на вашиот оглас
- Одберете ја соодветната категорија и цел на огласот. Тоа е 50% од видливоста на истиот.
- Во заглавјето ставете кратка реченица што го опишува огласот. Трудете се заглавјето да биде што е можно подескриптивно и поуникатно за вашиот оглас. Пр.: „продавам стан во аеродром“, „купувам фиат пунто“ итн. Наслови како "P-R-O-D-A-V-A-M", "****PRODAVAM-MOBILEN*****" и слично не привлекуваат поголемо внимание на ниедно место во сајтот, дури имаат и спротивен ефект.
- Во содржината, целосно и точно опишете го предметот на огласување, притоа држејќи се до детали за истиот.
- Доколку сакате да прикачите лого на вашата компанија имајте во предвид дека сликите на одредени места автоматски се прилагодуваат и оптимално би било вашето лого да биде во однапред прилагодена слика со еднаква висина и ширина, на пр. 300x300 или 500x500 пиксели.
- Пуштете глас за огласот и за порталот. Користејќи ги опциите за букмаркирање во сервисите и споделување на социјалните мрежи, обезбедувате многу поголема публика која ќе го прочита вашиот оглас.
- Информациите може да бидат внесени во кирилица и латиница. Доколку огласувате на латиница обрнете внимание на некои букви:
- За ѕ користете латинично z
- За ж користете латинично zh
- За џ користете латинично dz
- За ќ користете латинично kj
- За љ користете латинично lj
- За њ користете латинично nj
- За ч користете латинично ch
- За ш користете латинично sh
Општо
Огласува.ме е поддржан на сите модерни интернет прелистувачи вклучувајќи го Internet Explorer 6. Огласува.ме е комплетно функционален без javascript. За качување слики потребен ви е Flash плагин. За најдобро корисничко искуство препорачуваме понов прелистувач и вклучена javascript со кој ќе можете во целост да уживате во модерниот дизајн (Internet Explorer 6 и 7 не поддржуваат модерни и софистицирани дизајни и функционалности). Препорачани прелистувачи се Mozilla Firefox, Google Chrome, Apple Safari или Opera.
Листање на огласи
Еден од начините да дојдете до посакуваниот оглас е листање. Листањето започнува со одбирање на саканата категорија. Од левото мени се клика на главните категории и се одбира подкатегорија. Откако ќе ја одберете категоријата, префрлени сте на страната за листање на огласи. Огласите се организирани по 30 огласи на страница за избраната категорија. Во горниот дел од оваа страна се наоѓа формата за пребарување и филтрирање.
Форма за филтрирање и пребарување
Со помош на оваа форма можете да филтрирате по еден град и една цел на огласите наеднаш. Можни се комбинации од сите градови и сите цели за таа категорија. Доколку пребарувате од овде, ќе бидете префрлени на страната за пребарување од каде можете да направите и да употребите и посложени филтри.
Пребарување на огласи
Пребарувањето на огласи ви овозможува поголема прецизност како и повеќе и понапредни филтри. Можете да филтрирате по регион, цел или категорија, но можете да одберете повеќе објекти од ист филтер. Пример можете да барате стан, куќа или плац во Скопје, Велес или Куманово кој е за изнајмување или за продавање. Пребарувањето може да го користите со фраза или филтри. Се е опционално меѓутоа мора да имате барем едно одбрано - фраза или филтер. Флексибилноста на пребарувачот е огромна.
Пребарување на стан, куќа или плац во Скопје, Куманово или Гостивар кој се издава или продава, без фраза
Пребарувањето по фраза е исто така моќно и флексибилно и поддржува булова логика - користење на логички оператори И, ИЛИ, НЕ, I, ILI, NE, AND, OR, NOT. Се пребарува низ сите информации за огласите. Претходниот пример пребаруван преку фраза е „(скопје или куманово или гостивар) и (стан или кукја или плац) и (продавам или издавам)“. Можностите се неограничени. Потребно е само да се остави по едно празно место пред и по логичкиот оператор. Пребарувачот поддржува и пребарување по егзактни фрази и групирање на зборовите со мали загради.
Пребарување на стан, куќа или плац во Скопје, Куманово или Прилеп кој се издава или продава со помош на сложена фраза
Можете да пребарате од било каде со помош на малото поле за пребарување во главното мени. Ова поле ви овозможува уште една функционалност - додека го внесувате зборот, ви дава 5 огласи кои одговараат на парцијалниот збор што го имате внесено во опаѓачко мени. Со кликање на тие огласи, дирекно се префрлате на деталната страна за огласот. Доколку не одберете некој од тие огласи, а сакате да продолжите со пребарување, само притиснете ентер или кликнете на лупата во полето. И ова поле ги поддржува сите напредни функции на главниот пребарувач.
Пребарување од главното мени
Општо
Огласува.ме е поддржан на сите модерни интернет прелистувачи вклучувајќи го Internet Explorer 6. Огласува.ме е комплетно функционален без javascript. За качување слики потребен ви е Flash плагин. За најдобро корисничко искуство препорачуваме понов прелистувач и вклучена javascript со кој ќе можете во целост да уживате во модерниот дизајн (Internet Explorer 6 и 7 не поддржуваат модерни и софистицирани дизајни и функционалности). Препорачани прелистувачи се Mozilla Firefox, Google Chrome, Apple Safari или Opera.

