За нас
Целта на овој сајт е да овозможи едноставно, брзо и прецизно огласување и наоѓање на огласи во Македонија. Сајтот е оптимизиран огласите да бидат лесно воочливи од популарните веб пребарувачи (google, yahoo и други). Првпат е пуштен во употреба на 14.10.2009 после една недела развој.
Се стремиме кон промена на изгледот на македонскиот интернет простор користејќи модерен дизајн и напредни технологии притоа ценејќи го корисничкиот аспект. Огласува.ме е во целост ориентиран кон корисникот. Високо го цени вашето мислење и е развиван и сеуште еволуира под влијание на вашите мислења и предлози за сајтот. Нашата амбиција е насочена кој изградба на сервис кој е во исто време и софистициран и крајно лесен и интуитивен за секој да се снајде.
Како работи
Развиен е врз основа на Django и е напишан во Python. Податоците се чуваат во
PostgreSQL база екстендирана со PostGIS. Страните се сервирани од комбинација на Apache со mod_wsgi и Nginx. Оперативниот систем на серверот е
Debian. За зголемување на перформансите користиме Memcached. Индексот за пребарување е поддржан од Solr. За подобрувањето на интеракцијата со интерфејсот користен е jQuery. Податоците за мапите се генерирани од огромната база на OpenStreetMap, а за приказ и интеракција со мапите се користи OpenLayers. Сајтот е развиен од двајца програмери, едниот се служи со Aptana Studio додека другиот пишува во Textmate.
Следете не на Twitter: @ItarPeyo и @dekomote













